Kolektiv Z

Careers

Open positions

Повик за Национален Експерт за Младинско учество и застапување на политики

Во насока на надминување на јазот меѓу младинското учество и креирањето на климатски и еколошки политики во земјата, во јуни 2025 година беше организирана првата Локална конференција на младите (LCOY). Конференцијата имаше три главни цели: запознавање на младите во Северна Македонија со UNFCCC, COP и националните климатски обврски; дискусија и приоритизација на локалните климатски и еколошки проблеми, претставени во Националната младинска изјава; и изработка на национален механизам за младинско учество во климатските и еколошките политики. За овие цели, потребно е формирање Национален младински консултативен совет за клима и животна средина, инспириран од функционални примери низ Европа и светот. Целта е создавање динамична платформа за активно младинско вклучување во креирањето на климатски и еколошки политики и градење мост помеѓу младите и носителите на одлуки.  Со таа цел, во потрага сме по националниот експерт за младинско учество, кој ќе има клучна улога во формирањето на ова младинско национално тело.


За позицијата

Националниот експерт за младинско застапување и учество ќе обезбедува стручна поддршка за проектните активности преку анализа на политики, вклучување и стратешко планирање за работата на ова младинско тело. Ова вклучува совети за релевантни правни рамки, координација со младински организации и осигурување усогласеност со националните планови и климатските обврски. Експертот ќе поттикнува и соработка со млади, обезбедувајќи нивно ефективно претставување во процесите на одлучување. Како експерт за младинско застапување, оваа позиција ќе има значаен импакт за подобрување на младиснкото дејствување за климатскиот сектор и креирањето на праведна иднина преку институционализираните процеси во државата, нешто што се нема случено до сега.


Должности и одговорности

 

  • Развивање и спроведување стратегии за застапување и зајакнување на младинскиот глас.
  • Идентификување клучни прашања и можности за младинско вклучување.
  • Координација и поддршка во формирањето на Националниот консултативен совет и соодветните документи
  • Пружaње детални консултации и експертиза

Искуство  и Потребни компетенции

 

  • Претходно искуство со владини институции, граѓанскиот сектор и/или меѓународни организации.
  • Најмалку 5 години релевантно искуство во анализа на младински политики и застапување и експертско познавање на младинските политики во државата.
  • Докажано искуство со младински консултации, фокус групи, партиципативни процеси.
  • Флуентно познавање на англиски (писмено и усмено)
  • Силни комуникациски вештини за соработка со разнолики засегнати страни 
  • Добро менаџирање со време 
  • Познавање на работа со Google workspace

Времетраење и начин на аплицирање

Ангажманот ќе се спроведе во периодот на месец декември, и се предвидени 9 работни дена.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија (CV) со релевантно искуство на contact@kolektivz.mk  најдоцна до 1 декември. 

Повик за Национален експерт за климатски политики

Во насока на надминување на јазот меѓу младинското учество и креирањето на климатски и еколошки политики во земјата, во јуни 2025 година беше организирана првата Локална конференција на младите (LCOY). Конференцијата имаше три главни цели: запознавање на младите во Северна Македонија со UNFCCC, COP и националните климатски обврски; дискусија и приоритизација на локалните климатски и еколошки проблеми, претставени во Националната младинска изјава; и изработка на национален механизам за младинско учество во климатските и еколошките политики. За овие цели, потребно е формирање Национален младински консултативен совет за клима и животна средина, инспириран од функционални примери низ Европа и светот. Целта е создавање динамична платформа за проактивно младинско вклучување во креирањето на климатски и еколошки политики и градење мост помеѓу младите и носителите на одлуки. Националниот експерт за климатски политики ќе има клучна улога во формирањето на ова младинско национално тело.


Опфат на работните обрвски
Националниот експерт за климатски политики ќе обезбедува стручна поддршка за проектните активности преку анализа на политики, градење на капацитети и вклучување и стратешко планирање за работата на ова младинско тело. Ова вклучува совети за релевантни правни рамки, координација со младински организации и осигурување усогласеност со националните планови и климатските обврски. Експертот ќе поттикнува и соработка со младите, обезбедувајќи нивно ефективно претставување во процесите на одлучување.

Должности и одговорности

 

  • Развивање и спроведување стратегии за застапување и зајакнување на младинскиот глас во климатските политики
  • Идентификување клучни прашања и можности за младинско вклучување во националните кллиматски акции.
  • Координација и поддршка во формирањето на Националниот консултативен совет и соодветните документи
  • Пружaње детални консултации и експертиза
  • Валидирање на анализите и документите што ќе произлезат од проект активностите
  • Обезбедување усогласеност со постојните национални климатски стратегии, NDC, NAP и други релевантни документи.

Потребни компетецнии 

  • Работно Искуство со владини институции, граѓанскиот сектор и/или меѓународни организации.
  • Најмалку 5 години релевантно искуство во анализа на политики и застапување.
  • Искуство со младински консултации, фокус групи, партиципативни процеси.
  • Експертско познавање на климатскитеполитики во државата.
  • Флуентно познавање на англиски (писмено и усмено)
  • Познавање на работа со Google workspace

Времетраење и начин на аплицирање

Ангажманот ќе се спроведе во периодот на месец декември, и се предвидени 9 работни дена.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија (CV) со релевантно искуство на contact@kolektivz.mk најдоцна до 1 декември.